Гезме fto

Каде можете да не најдете:

  • Секоја сабота и недела -
    Фрателис - Визијана од 14.00ч-18.00ч
  • Промоција на новиот албум на ГЕЗМЕ со пријателите
    Фрателис - Визијана - 07.02.2011 год.
  • ГЕЗМЕ на Меѓународен тамбурашки фестивал во Ужице, Република Србија
    14.05.2011 год.
  • Концерт - ГЕЗМЕ и Елена Ристеска,
    Охрид, Амфитеатар - 13.08.2011 год.
  • Концерт - ГЕЗМЕ и Миле Кузмановски
    ВЕРО - Скопје - 12.05.2012 god.

          Во средината на 2009 година во Куманово силно блесна на музичкото небо Тамбурашката група, ”ГЕЗМЕ”.
Во неа не случајно се најдоа инзвонредните музичари, една “златна” четворка во едноставна постава: Сашо Спасовски, маестро на жичени инструменти, еден од најдобрите прим мајстори во Македонија, Горан Михајловски, гитарист и вокал, докажан инструменталист со две – децениско музицирање, Сашо Димковски, перфекционист на бас прим и Игор Марковски, контрабасист, проверен и докажан музичар кој преку неговиот инструмент и дава и душа и ритам на секоја песна.
          Жиците под прстите на Тамбурашката група ”ГЕЗМЕ” од тогаш започнаа да произведуваат до перфекција најубави тонови, нежни музички ноти, песни мевлем за душа и срце.
          Овој мал музички состав, со голема умешност во музицирањето, ги освои љубителите на песната исполнувајќи пред се, стари и незаборавни македонски песни, а со иста љубов и едноставна посебност понудија богат репертоар на песни од сите жанрови од поранешните југословенски простори. Сигурни во себе се осмелија и со голем успех ги изведуваат и најголемите светски музички хитови во една сосема нова верзија прифатлива за секој љубител на песната.
          Тамбурашката група ”ГЕЗМЕ” секогаш на публиката и нуди лесен и прифатлив напев, песни љубовни, интимни, елегични и носталгични, песни што кај секој ја радуваат душата.
          Она што е карактеристично во изведбата на Тамбурашката група ”Гезме”, е тоа што секогаш внимаваат на заедничкото помеѓу мелодијата и текстот и имаат одлична аранжерска подлога давајќи една логична целина на мелопоетскиот израз. Токму затоа песните што тие ги исполнуваат се лепат за душата, тоа се песни што ги будат спомените, а со тоа секој кој ги слуша се чувствува пријатно, опуштено и расположено, тоа се песни кои успокојуваат враќајќи не во минатото, песни низ кои насмевката е широка, срцето полно и топло, љубовта највозвишена.
          


Затоa членовите на групата порачуваат:
Ве каниме на ”ГЕЗМЕ”